Messenger Sign Up Android

Facebook Messenger кој што започна како обична апликација за проверување на вашите пораки од Facebook, полека прераснува во независен сервис. Со најновите промени, веќе нема да има потреба да се најавите со вашата Facebook сметка за да можете да ја користите апликацијата.

Најавувањето на Messenger ќе може да се направи со внесување на телефонскиот број, името и вашата слика, односно исто како што тоа се прави на познатите Viber, WhatsApp и слични.

Оваа нова можност би требало да ги привлече ретките корисници кои што не сакаат да направат Facebook сметка или едноставно од која било причина не би сакале да се најават на истата на Messenger.

Внесување на вашиот телефонски број за да можете да разговарате и со вашите контакти кои што ги немате на Facebook е веќе одреден период достапно на Messenger, па најновата можност не е воопшто за изненадување.

Корисниците кои што сепак ќе одлучат да се најават со својата Facebook сметка, ќе ја имаат предноста на користење на сервисот од повеќе уреди, синхронизација на пораките и сличните функции веќе познати на корисниците.

За корисниците кои што ќе сакаат да го користат само својот телефонски број, ќе биде достапно ново копче „Not on Facebook?“ кое што ќе ги однесе до делот за најавување.

Оваа можност за почеток нема да биде достапна во поголемиот дел од светот, односно ќе биде достапна само за корисниците од Канада, САД, Перу и Венецуела.

Извор: Facebook

Претходна статијаSLIDE – Лебдечки скирол од Lexus
Следна статијаIRIS – Одличен нов уред-екран за вашиот автомобил
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.