Epic започнува со реализација на нивниот долгогодишен план за кого дадоа доста голема борба пред судовите. Epic Games Store продавницата ќе доаѓа прединсталирана на уредите кои се продаваат преку операторот Telefonica, односно преку O2 и Movistar во ОК, Шпанија, Германија и Латинска Америка.
Посебно се истакнува дека оваа продавница ќе биде инсталирана и на уредите од Samsung, па ќе видиме како ќе реагира на оваа најголемиот Android производител во светот.
Иако не се директно поврзани, оваа новост доаѓа по победата на Epic во октомври во судскиот спор со Google. Според одлуката, Google ќе мора да ја дозволи достапноста на алтернативните продавници во Play Store, а исто така ќе мора да овозможи и листа на достапни апликации за компаниите.
Epic се познати и по тужбите со Apple и Samsung, но тужбата против Apple не помина како оваа против Google.
Проблемот кој го имаат Epic во главно се сведува на процентот кој компаниите го наплаќаат за апликациите кои не се бесплатни, односно апликациите како тие на Epic за кои корисниците плаќаат за различни работи во самата игра.
Google и Apple сакаат да повеќето апликации се достапни преку официјалните продавници, а наплатата да оди преку нивните системи. Иако Android е многу повеќе отворен систем на овој план за разлика од iOS, сепак обвинувањата се дека Google на различни начини гледа да ја отежне оваа отвореност.