Оваа недела Microsoft го пушти Edge 98, кој е направен на основа на Chromium, а на оваа верзија беше надграден и Google Chrome.

Покрај стандардните новини кои се дел од секоја верзија, Microsoft Edge со оваа верзија доби една новина која веќе се споменуваше претходно, а се издвојува посебно кога се во прашање интернет прелистувачите.

Edge Bar е името на новата функција и истата вклучува посебно лента која се појавува и прикачува на десната страна од екранот. Достапна е и можноста лентата да биде само за пребарување и да стои во средината на екранот.

Кога е прикачена како лента на десната страна, на Edge Bar се гледа временска прогноза, како и најновите вести кои може да се видат и на празната страна од Edge, како и на Start апликацијата од компанијата за мобилните.

Покрај овој дел од лентата, корисниците можат да ја прикачат која сакаат веб страна, па со тоа да добијат брз пристап до истата. Ова е одлично за веб страни како тие на друштвените мрежи или страни преку кои корисникот следи одредени информации.

Оваа лента делува дека е малку вишок на Windows 11 со оглед на достапноста на Widgets лентата на левата страна од екранот, но сепак можноста за додавање на веб страни е нешто што не може да се прави на Widgets.

Претходна статијаTwitter ќе почне да го тестира „downvote“ копчето кај повеќето корисници
Следна статијаМИНИСО х Лара Иванова – Нов бренд амбасадор на Минисо Онлајн
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.