DuckDuckGo е веќе познато име кога е во прашање приватноста на корисниците. Започнаа како интернет пребарувач, приватна конкуренција на Google, па продолжија со понуда која ја проширува приватноста и на останатите страни преку мобилен интернет прелистувач.

Од компанијата најавија дека планираат да направат верзија од својот прелистувач и за десктоп компјутерите, а технологијата која се користи ќе биде таа која е стандардна за конкретниот оперативен систем. Тоа значи дека на Windows ќе се користи Edge технологијата во позадина, додека на macOS тоа би била технологијата на Safari. Истата практика ја имаат и за мобилните верзии.

Сега ја имаме и првата бета верзија од оваа најава, односно бета верзијата од DuckDuckGo интернет прелистувачот за macOS. Windows верзија исто така ќе биде претставена, но истата се најавува како наскоро достапна, но не се кажува кога би било тоа точно.

Десктоп верзијата од DuckDuckGo го има истиот концепт како мобилната, односно се работи за едноставен прелистувач кој сите функции за приватност ги има вградено и автоматски вклучено. Тоа значи дека корисниците нема потреба да ги вклучуваат, а и не ни може да ги исклучат, освен поединечно за веб страните.

Од компанијата дури се пофалија дека на macOS нивниот прелистувач за многу работи е побрз од Google Chrome, а исто така троши и помалку интернет, во главно поради блокирањето на рекламите.

DuckDuckGo ќе добива и нови функции со тек на време, со оглед дека уште е во бета верзија, а од компанијата посебно го истакнаа недостатокот на додатоци поради фактот што најмногу користените се вградени, како што се „тракер блокатори“, блокатори на реклами и менаџери за лозинки.

Ние би сакале да истакнеме дека не секогаш користењето на прелистувачи или додатоци за приватност е добра работа. Повеќето веб страни живеат од рекламите, па доколку некоја страна, како нашата, не претерува со нивното поставување, подобро би било да не ги блокирате.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2DuckDuckGo
Претходна статијаГолеми попусти за телефони преку А1 Оnline shop
Следна статија“Натура Терапи” донираше пренослив ЕХО апарат за ултразвучна дијагностика на Kлиниката за детски болести
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.