Firefox прелистувачот од Mozilla, кој иако продолжува да го губи пазарното учество, останува еден од најдобрите на пазарот, оваа недела ја доби својата 91ва верзија. Оваа верзија, како и секогаш, е достапна за сите платформи каде е достапен прелистувачот, па корисниците можат да го ажурираат, ако тоа веќе автоматски не е направено.

Mozilla се познати по функциите поврзани со приватноста на корисниците, па најновата верзија од Firefox донесува новини поврзани со тоа. Кога се сурфа во приватен режим, HTTPS конекциите ќе се отвораат стандардно, дури и кога е напишан или кликнат линк со HTTP протоколот.

Отворањето на HTTPS верзијата од некоја страна не е гаранција дека делови од истата нема да бидат без заштитениот протокол, но се верува дека сепак повеќето страни се целосно заштитени.

Втората новина поврзана со приватноста е надоградба на Total Cookie Protection функцијата која Mozilla ја воведе на почетокот од оваа година. Кога корисниците го имаат вклучено „Strict“ нивото на заштита, при бришење на колачињата и другите податоци за одредена страна, Firefox ќе ги избрише и колачињата од другите страни, не само од тој домен.

Тоа значи дека Firefox ќе ги избрише и колачињата кои се поставени за следење на активноста, со што ќе се спречи континуираното следење на корисниците.

Уште една новина ќе ги интересира корисниците на Windows. Firefox 91 добива поддршка за Windows Singla sign on функцијата, односно корисниците кои се најавени на Windows 10 со нивната Microsoft сметка, ќе можат да се најават на Microsoft страните автоматски, како што е тоа можност со Microsoft Edge.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2Mozilla
Претходна статијаXiaomi го претстави Mix 4 со камера под екранот и Snapdragon 888+ процесор
Следна статијаNortonLifeLock и Avast постигнаа договор за спојување на двете компании
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.