Во денешно време претпоставката е дека скоро се што правиме е преку мобилните телефони и дека ништо друго веќе и не ни е потребно. Сепак, повеќето од нас работиме преку компјутер, а мобилниот е тука до нас за цело време да ги проверуваме новите известувања, друштвените мрежи и слично.

Не е случајно што се доста популарни неколку достапни решенија за поврзување на мобилните со компјутерите и со тоа да се овозможи проверка на сите работи кои сме навикната да ги правиме на мобилните телефони, директно од компјутерот.

Dell очекувано за своите корисници нуди сопствено решение, па корисниците на овој најпознат бренд во светот за компјутери можат да ги поврзат своите два најважни уреди за многу подобро корисничко искуство.

Од компанијата своето решение го нарекуваат Dell Mobile Connect и е достапно за симнување за сите корисници на Dell компјутерите. Користењето е едноставно и работи на локалната мрежа, што значи дека корисниците не треба да се грижат за својата приватност, а и безбедност.

Кои функции ги овозможува Dell Mobile Connect

Идејата зад Dell Mobile Connect е да се тргне потребата од константно проверување на телефонот и се што е потребно да се заврши преку компјутерот. Ова е доста корисно кога активно се работи од компјутерот, па мобилниот телефон може да претставува пречка.

Затоа со Dell Mobile Connect може да се направат сите активности кои се прават со мобилниот телефон, односно:

  • Правење и добивање на телефонски повици кои може да се направат со микрофонот и звучниците од компјутерот
  • Пристап до контактите од мобилните телефон
  • Испраќање и добивање на SMS пораки со предноста да истите се пишуваат преку тастатурата од компјутерот
  • Прикажување на екранот од мобилниот и со тоа можност да се користи било која апликација користејќи ги тастатурата, глувчето или екранот на допир од компјутерот
  • Префрлување на датотеки, односно слики, документи, видеа и слично

Dell Mobile Connect е достапен за сериите XPS, Inspiron, Vostro, Alienware и G-Series. Од мобилната страна апликацијата е достапна на двете платформи, односно на Android и iOS.

Претходна статијаЕУ ќе формира заедничката сајбер единица за справување со зголемениот онлајн криминал
Следна статијаДостапни бета верзиите од iOS 15 и iPadOS 15 за сите корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.