coloro-icon

Coloro е игра достапна за корисниците на Android која е наменета да на едноставен начин ве занимава, а притоа да ви овозможи тренирање на мозокот.

Целта на играта е да за што пократко време притиснете на бојата која е прикажана од избор од неколку други бои. Она што ја прави оваа задача потешка се двата режими на работа коишто можете да ги изберете.

Во едниот, бојата којашто треба да ја погодите е напишана, меѓутоа прикажана со друга боја, со цел да ве збуни. Погодувањето на бојата го правите со избор од 6 кругчиња на долниот дел, односно притискањето на бојата која е напишана.

coloro-screens

Вториот режим на работа е нешто потежок. Бојата која треба да ја погодите е бојата на текстот со којшто, повторно да ве збуни, е напишана друга боја. Изборот го правите од 4 бои кои исто така се прикажани во различна боја од таа којашто е напишана со текстот.

Точно погодување на бојата се прави кога од листата ќе ја изберете бојата со која е напишан главниот текст, а во листата напишано името на бојата, се разбира во друга боја со цел да ви отежне.

coloro-screens-02

Целта на играта, без ралзика кој режим ќе го изберете, е да што побрзо го направите изборот, а со тоа да соберете што повеќе поени.

Играта можете да ја симнете од Play Store преку следниот линк.

Симни ја Coloro од Play Store

Претходна статијаNike ќе почне да ги продава патиките кои сами се врзуваат од 28-ми ноември
Следна статијаЗдружението на ХМЛ во Р.Македонија го одбележа меѓународниот ден на заболените од Хронична миелоична леукемија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.