color-bustle-screens

Бројот на апликации на мобилните платформи денеска се брои во милиони. Корисниците имаат огромен избор на разни видови на апликации, како и игри кои што ги прават мобилните уреди она што се денес.

Кога ќе наидеме на апликации направени од македонски програмери, секогаш сме нешто повеќе заинтересирани да ги пробаме истите и да видиме што нудат. Денеска ќе ви претставиме една таква апликација, поточно мала и едноставна игра наменета да ве занимава кога ви е досадно, а е прилично заразна.

Играта е наречена Color Bustle и истата е достапна за корисниците на Android платформата. Нејзината задача е многу едноставна. На екранот се прикажуваат топчиња во две бои, односно црвена и сина и истите паѓаат надоле. На долната страна се наоѓаат две ленти со истите бои кои што треба да ги менувате лево или десно со цел да не бидат допрени од топче со спротивната боја. Доколку сепак не успеете да го направите истото, долните ленти се зголемуваат нагоре, па доколку стигнете до границата, ја губите играта.

Колку повеќе пати успеете да ги промените боите, додека топчињата се побрзо паѓаат, а ги има и повеќе, добивате повеќе поени.

Играта е достапна во продавницата за апликации на Android и можете да ја симнете преку следниот линк.

google-play-badge

 

Претходна статијаDARPA презентираше концепт за визуелно-кортикален „модем“
Следна статијаAdobe Photoshop денеска наполни 25 години
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.