10842014_1528781927396886_2349034889717548838_o

Претпоставуваме дека до сега сите имате слушнато за македонската апликација Claxi, којашто им овозможува на корисниците едноставно повикување на такси, без потреба од јавување и чекање.

Една од главните предности со користењето на оваа апликација е што повикувањето на такси не мора да е од една компанија. Сите таксисти коишто се во близина и се спремни да го прифатат патникот ја испраќаат својата понуда, па корисниците можат да направат поголем избор.

Оваа апликација ја доби и својата втора верзија која само продолжува со подобрување на корисничкото искуство, преку нов и освежен дизајн и нови функции за корисниците.

Што е ново во Claxi 2.0:

  • Известувања за искористени кодови за препорака, истекување на промо кодови, пуштени барања, реализирани возења – за последните 30 дена
  • Нови јазици – словенски, српски, холандски
  • Профил за секој Claxi корисник со слика од Facebook доколку е поврзана апликацијата
  • Нов дизајн
  • Исправка на багови и подобрување на перформансите

claxi-2-screens

Новата верзија веќе можете да ја инсталирате преку Play Store или преку следниот линк.

Симни ја Claxi од Play Store

Претходна статијаЗаканата од ВИ – што сè е способна да направи денес
Следна статијаWindows 10 Mobile надградбата ќе биде достапна од овој месец
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.