Фото: Shutterstock.com

ChatGPT доби нова функција која за почеток е во бета верзија и достапна само за корисниците кои плаќаат месечна претплата. Истата ќе го направи овој „четбот“ да биде и како личен асистент, односно да извршува команди слични како тие кои сме научени да ги гледаме кај Siri и Google Assistant.

Новата функција на корисниците им овозможува да креираат потсетници директно во ChatGPT и соодветно да добијат известување во времето кое го имаат избрано. 

Покрај еднократни потсетници, ChatGPT може да извршува активности кои се повторуваат, односно потсетникот да не се изврши само еднаш, туку да се повторува во дадено време. 

Тоа значи дека корисниците можат да изберат да ја добиваат најновата временска прогноза секое утро или што и да им треба од овој способен „четбот“. 

За корисниците кои плаќаат за ChatGPT да можат да ја користат оваа нова функција, треба да го отворат делот каде се бира јазичниот модел и да го изберат новиот „4o with scheduled tasks“.

Засега не е познато дали оваа функција се планира да им биде пуштена и на бесплатните корисници или ќе остане само за тие што плаќаат, нешто што ќе ги направи тие пакети повеќе привлечни за повеќе корисници. 

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаДоставата – најголемиот предизвик за е-трговците во Македонија и Западен Балкан
Следна статијаКина сака да изгради голема сончева електроцентрала во орбитата на Земјата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.