Cambridge Analytica изгледа ги имала како основа за анализи и пораките на корисниците, а не само нивните лајкови, интереси и останати лични информации. Оваа информација ја објави и Facebook, меѓутоа ја истакнаа и од самата институција.
Сепак, бројката на корисници кои дале дозвола да им се пристапи до нивните пораки не е толку голема како во случајот со пристапот до личните информации. Само 1.500 корисници ја дале оваа дозвола, меѓутоа ако се земе во предвид начинот на функционирање на Facebook во тоа време, исто како со информациите, така и со пораките, преку овие 1.500 корисници, се има дојдено до поголема бројка.
Нема информации, сега за сега, до која бројка е дојдено преку овие 1.500 корисници, меѓутоа истата може да биде лесно од стотици илјади, па и милиони корисници.
Проблемот со начинот на којшто има функционирано Facebook пред 2014 е што ваквите апликации имаа можност да добијат пристап до информации и на пријателите на корисниците кои имаат дадено дозвола за прибирање на информации.
Проблем е и што ретко кој корисник воопшто гледа кои информации се бараат од него при најавување на некоја апликација. За повеќето, апликацијата е нешто интересно, најавувањето оди брзо и не се обрнува внимание не можните последици.