Фото: Shutterstock.com

Google апликацијата за Android добива една мала нова можност која е одлична за ситуациите кога треба да се побара нешто кое можеби не е баш пријатно и не би сакале да остане дел од алгоритамот на вашата сметка.

Новата можност овозможува бришење на направените пребарувања во последните 15 минути со притискање на едно копче. Со тоа, се брише активноста на Google Search за последните неколку барања, но остануваат останатите од кои зависи од генералното корисничко искуство на овој сервис.

Оваа нова можност беше најавена минатата година и интересно Google уште тогаш ја пушти за својата iOS апликација, но останаа да почекаат корисниците на Android.

Сега кога Android апликацијата е дојдена на ред, новата функција може да се очекува за сите корисници во неделите што следат.

За бришење на последните 15 минути од Google апликацијата, се што треба е да се притисне на копчето со вашата слика во горниот десен агол, каде што е достапно новото копче.

За почеток ова копче е достапно само на мобилните апликации, што значи дека доколку на десктоп се има потреба од бришење на некои пребарувања, тоа ќе мора да се направи посебно.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаCANAL+ откупи 70% од светската групација SPI INTERNATIONAL
Следна статијаСе одржа Демо ден на пре-акцелераторската програма Aspire Balkans
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.