Brave прелистувачот добива нова функција која го продолжува угледот, но и политиката на компанијата за овозможување највисок степен на заштита на корисниците. Ова иако звучи добро, мора да се истакне дека знае да се претера и да не се земе во предвид дека многу веб страни живеат од реклами, кои се тука за да интернетот биде бесплатен во најголем дел.

Forgetful Browsing, функција која ќе стане дел од Brave 1.53 на десктоп 1.54 на Android, донесува заштита не од третите страни, туку од самата страна која ја отвора корисникот. Заштитата е од таканаречената реидентификација, која потоа може да се искористи за ограничување на бројот на статии кои може да се прочитаат, поврзувањето на повеќе кориснички имиња од истиот сервис со еден корисник и слични ситуации.

Од Brave истакнуваат дека тие со оваа новина го поедноставуваат процесот на заштита за ваквите ситуации кои корисниците и сега можат да го направат, како на пример со користење на приватен режим во прилистувачот, со користење на додатоци и слично.

Оваа нова функција во основа ги одјавува корисниците од најавените сервиси, но оди и чекор подалеку, па ги брише „колачињата“, локалните зачувани податоци, како и indexedDB. За целосно „заборавање“ од страна на таа веб страна, Brave ќе ги избрише и HTTP и DNS „кешовите“.

Замислата е да Forgetful Browsing се вклучува за секоја страна посебно, а тоа може да се направи преку Brave иконата преку која се вклучуваат сите „штитови“ од прелистувачот. Можно е и вклучување за сите страни, па функцијата да се исклучува за одредени, како на пример имејл страните, друштвените мрежи и слични.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Brave
Претходна статијаAvatar: The Way Of Water доаѓа на Disney+ на 7 јуни
Следна статијаФИТР: Започнува воспоставување на „MakerSpace“ лаборатории за истражување, креативност и иновации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.