bluestacks-play-bigger-logo

BlueStacks App Player е можеби најпознатиот емулатор за Android апликации кој што им овозможува на Windows корисниците да ги користат нивните омилени апликации на нивниот десктоп компјутер.

Од компанијата која што стои зад развојот на софтверот истакнуваат дека имаат повеќе од 90 милиони Windows корисници, а сега и корисниците на OS X ќе можат да ја користат програмата.

Инсталирањето на апликациите се прави преку Google Play продавницата, исто како што тоа се прави и на мобилните уреди. Поддржани се x86 и ARM апликации и игри, а BlueStacks е прилагоден специјално за можностите кои што ги нуди OS X оперативниот систем и уредите од Apple.

Тоа значи дека корисниците ќе имаат можност да користат гестови како што е повлекувањето со два прста за зумирање, апликациите ќе бидат прилагодени за Retina екраните, а исто така ќе може да се поврзат со сензорите на уредите, како и камерата и графичката карта.

BlueStacks App Player за Mac може да се симне преку официјалната страна на софтверот преку следниот линк.

Извор: 9to5Mac

Претходна статијаSamsung го претстави новиот Galaxy Tab S2 таблет компјутер
Следна статијаРазмислувајте паметно, професиите на иднината се програмери, инженери и дизајнери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.