Bing Weather е дел од групата Bing апликации кои Microsoft почна да ги претставува пред одреден период за Windows Phone платформата. Weather е едноставна апликација која што ја прикажува моменталната временска состојба, временската прогноза по денови и по часови и анимирани мапи. Истата имаше можност за „закачување“ на мала и средна големина на Home екранот, како и Live начин на прикажување.

Новата 2.0.2.170 верзија од Weather вклучува нови функции кои што сепак требаше да ги има уште во првата верзија. Новите функции вклучуваат:

  • Подобрени слики
  • Нови прилагодувања
  • Дупла големина на Live плочката
  • Интеграција со Lock екранот

Две од овие функции се навистина добредојдени и ја ставаат Weather во категорија со другите вакви апликации. Live плочката сега може да ја зголемите во целосна ширина од екранот. Предната страна ја покажува моменталната временска состојба, како моменталната температура, прогнозата за денот, како и можноста за врнежи и брзината на ветерот. Задната страна од плочката прикажува 5 дневна прогноза, вклучувајќи го и денешниот ден.

bing_weather_live_front bing_weather_live_back

Доколку ја изберете оваа апликација да прикажува информации на Lock екранот, ќе ја добиете сликата од главната страна на апликацијата, која што ја отсликува моменталната временска состојба и ја прикажува моменталната температура и прогнозата за денот.

bing_weather_lock

Претходна статијаWindows 8.1 први импресии
Следна статијаSamsung е можно да воведе безжично полнење од далечина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.