Microsoft постепено планира да почне да овозможува користење на новиот Bing, поточно Chat функцијата на прелистувачи кои не се Edge. Ова го најави во одговор на Twitter, Микаил Паракин, кој е главен за рекламирање и веб сервиси во Microsoft.

Целосно очекувано, сега Bing Chat може да се користи само преку Microsoft Edge, во главно поради познатата практика од компанијата да ги насочува корисниците кон своите производи, некогаш и на начини кои привлекуваат пишување цели статии.

Кога ќе се земе во предвид дека Edge нема доволно голем пазарен удел, пуштањето на Bing Chat за другите прелистувачи ќе придонесе до зголемување на бројката на корисници на Bing.

Новиот Bing веќе е пуштен за сите корисници, односно веќе нема листа на чекање, а од компанијата неколку пати додаваат и нови функции. Оваа технологија ќе стане интегрирана и во Windows 11, а тоа можевме да го видиме подетално на Microsoft Build 2023 конференцијата минатиот месец.  

Нема точна информација за тоа дали Bing Chat ќе биде пуштен за сите останати прелистувачи или повторно ќе има некакво ограничување, како и тоа кога точно може да се очекува проширувањето на поддршката.

Претходна статијаMotorola претстави два нови телефони на преклоп, едниот со многу поголем надворешен екран
Следна статијаОграничена понуда: Не пропуштајте да купите телефон од Redmi Note 12 серијата и да добиете две фантастични изненадувања
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.