При презентацијата на Pixel 8 телефоните, Google најави дека планира интеграција на Bard во нивниот Assistant, кој е дел од секој Android уред. Ова беше очекувано и во рамките на трендот минатата година на интеграција на генеративната вештачка интелигенција во сите производи од компаниите.

Додека се чека на официјалното пуштање на новата верзија од Assistant, дечките од 9tо5Google имаат повеќе информации за што може да очекуваме. Преку разгледување на кодот на апликациите, поточно APK датотеките, може доста да се дознае, пред новите функции да им бидат официјално пуштени на корисниците.

Од тоа што го имаат откриено може да се види додавање на Bard и во Google Search апликацијата. Корисниците ќе имаат „преклопник“, односно копче преку кое ќе можат да се префрлуваат од класичниот search кориснички интерфејс и тој со Bard, односно Assistant with Bard.

Од порталот дополнително го откриваат новиот кориснички интерфејс на Assistant, прво како препорачува да се проба Bard, а потоа и со вклучена интеграција.

Корисниците во основа добиваат унапредена верзија од Assistant со генеративна вештачка интелигенција, што значи дека „асистентот“ ќе биде поспособен во разбирањето на корисниците и извршувањето на барањата.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 29to5Google
Претходна статијаВештачката интелигенција ја зема работата и на „инфлуенсерите“
Следна статијаApple првпат не претстави нов iPad модел минатата година, но затоа оваа се очекува да надомести доста сериозно
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.