Апликацијата Arts & Culture од Google, покрај својата основна намена, веќе одреден период овозможува корисниците да сликнат селфи од себе и да го најдат својот „двојник“ во големиот број на уметнички дела кои ги има на апликацијата.

Според Google, досега се направени повеќе од 120 милиони селфи слики преку апликацијата, а сега оваа можност станува достапна и за домашните миленичиња. Во оваа група спаѓаат, покрај кучињата и мачињата, и риби, птици, коњи и слично.

Корисниците се што треба е да го сликнат своето милениче со новата Pet Portraits функција, а алгоритамот на Google точно ќе го препознае миленичето, па со помош на машинското учење и повеќе десетици илјади уметнички дела од партнерите на компанијата, ќе прикаже слика која личи на миленичето.

Оваа нова функција секако е замислена за забава, па не секогаш алгоритамот ќе прикаже уметничко дело кое баш точно личи на миленичето.

Според Google, може да бидат прикажани уметнички дела како слики, египетски фигурини, улична уметност од Мексико и повеќе.

Апликацијата Arts & Culture е достапна за мобилните на двете платформи, односно на Android и iOS.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаУниверзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје учествува во нов проект за зајакнување на иновациите и претприемништвото, финансиран од Европскиот институт за иновации и технологија
Следна статијаA1 Македонија четврта година по ред со едукација на децата за безбедно користење на интернет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.