Arc прелистувачот, кој започна како ексклузивно достапен само за корисниците на Apple, е една од најинтересните вакви апликации на пазарот. Направен во целосно различен стил од стандардните прелистувачи, Arc е замислен за корисниците кои доста активно работат преку нивниот прелистувач и отвораат голем број на различни „табови“. 

Chrome се обиде да им „помогне“ на ваквите корисници со додавање на групи на „табови“, но Arc ја носи продуктивност на наредно ниво, а покрај тоа има уште неколку доста мали и корисни функции. 

По пуштањето на Windows верзијата од Arc во април оваа година, сега мобилната верзија од прелистувачот им станува достапна и на Android корисниците. 

Исто како што е случајот со десктоп верзијата, така и мобилната не е наменета баш за обичниот корисник. „Сурфањето“ преку Arc Search, како што е името на мобилната верзија, е замислено да биде во правец на пребарување на одредени работи. Прелистувачот ќе ги побара работите „во име“ на корисникот и ќе му ги прикаже резултатите. Оваа функција е наречена „Browser for me“ и е можеби главната која го карактеризира прелистувачот.

Arc Search во основа функционира на генеративна вештачка интелигенција, па повеќето од функциите доаѓаат поради истата. Прелистувачот може да сумира страни, да споредува работи и генерално да дава одговори. 

Интересно е што мобилната верзија од Arc може да се каже дека „нема врска“ со десктоп верзијата, односно е целосно различен вид на прелистувач.

Апликацијата е достапна преку Play Store, односно преку овој линк

Претходна статијаGoogle Gemini апликацијата официјално пуштена на iOS
Следна статијаВлијанието на 4iG: Како купувањето на ОНЕ Црна Гора го преобликува телекомуникацискиот пејзаж на Црна Гора
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.