Фото: Apple

Apple додаде уште една апликација во листата на апликации достапни од компанијата. Овој пат се работи за апликација за спортски резултати и истата едноставно е наречена Apple Sports.

За жал, апликацијата засега им е достапна само на корисниците од САД, Обединетото Кралство и Канада, без информација кога може да се очекува во повеќе земји и дали некогаш ќе биде пуштена во целиот свет.

Apple Sports е направена во карактеристичниот дизајн стил од компанијата, односно истата изгледа одлично и е прилично едноставна, односно нема непотребни делови кои би го тргнале вниманието од нејзината намена.

Апликацијата овозможува следење на резултатите од натпреварите, а тоа може да се прави и во живо, тука се и статистиките, како и информациите од тимовите. Корисниците можат да изберат кои тимови и лиги сакааат да ги следат, па тие ќе им бидат директно достапни на главниот екран.

За почеток на корисниците им се достапни лигите MLS, NBA, NCAA, NHL, Bundesliga, LaLiga, Liga MX, Ligue 1, Premier League, Serie A, а со тек на време се најавува додавање и на MLB, NFL, NCAAF, NWSL и WNBA.

ИЗВОРApple
Претходна статијаGoogle го редизајнира корисничкиот интерфејс на страната за најава и креирање на сметка
Следна статијаMWC 2024: Дојче Телеком ќе претстави иновации за светот што се менува
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.