Microsoft минатата година најави дека неколку апликации од Apple ќе станат достапни на Windows, па еве сега ги гледаме првите тест верзии од тие апликации. Достапни се Apple Music, Apple TV и Apple Devices, но за почеток само за корисниците во САД. Кога ќе бидат пуштени официјалните, односно финалните верзии од апликациите, истите треба да им станат достапни на сите корисници.

Од трите апликации, Apple TV не е важна за нашата земја затоа што делот од апликацијата кој овозможува гледање на филмови и серии, уште не е достапен тука.

Како и да е, апликациите се направени на основа на кодот којшто се користи за правење апликации на Windows, односно не се само прилагодени верзии од некоја друга апликација или веб апликација. Тоа значи дека Apple овозможи одлично развиени апликации кои корисниците ќе вреди да ги користат.

Досега за слушање на Apple Music сервисот требаше да се користи старата iTunes апликација или да се слуша преку веб. Сега корисниците ќе добијат корисничко искуство скоро како да се на Mac компјутер.

Apple Devices апликацијата во основа овозможува преглед на уредите кои се поврзани со Apple сметката и нивно едноставно менаџирање.

Нема информации кога овие апликации ќе излезат од тест фазата и кога ќе им станат достапни на сите корисници во светот, но сепак веруваме дека тоа ќе се случи во месеците што следат.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаНовите софтверски ажурирања за сериите Galaxy Buds2 Pro и Galaxy Watch го подобруваат искуството на Galaxy камерата
Следна статијаApple развива сопствен MicroLED екран кој треба да се користи кај сите нивни производи со тек на време
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.