При крајот на март оваа година стана достапна нова апликација за музика од Apple, специјално направена за слушање на класична музика. Apple Music Classical е тука да овозможи посебно искуство при слушање на овој вид на музика, а дојде како резултат на купувањето на компанијата Primephonic во 2021 година.

Апликацијата беше најавено дека ќе биде достапна и на Android, како што е достапна „основната“ Apple Music апликација, па од оваа недела корисниците на оваа платформа можат да ја инсталираат.

Истата е бесплатна, односно за неа не се плаќа посебна претплата, но сепак е потребната претплатата за Apple Music, што значи дека истата ќе биде привлечна во главно за корисниците на овој сервис.

За останатите, Apple Music Classical нуди одредени предности, конкретно за љубителите на овој вид на музика, па истите може да се причина да ја плаќаат потребната претплата за да го имаат пристапот до оваа апликација.

Како дел од Apple Music Classical достапни се повеќе од 5 милиони класични песни, а тука се и предлозите од компанијата, како и ексклузивни албуми.

Посебно треба да се истакне „lossless“ квалитетот кој е карактеристичен за Apple Music, па корисниците кои се навистина навлезени во слушањето на музика, можат да ги искористат своите поскапи слушалки и слична опрема.

Apple Music Classical е достапна преку Play Store на овој линк.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаНовата генерација на дизајни за процесори од ARM донесуваат подобрена потрошувачка на енергија и подобра графика кај мобилните
Следна статијаРегионалниот фонд за предизвици (РЦФ) го отвори Третиот повик за финансирање проекти во образованието
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.