Apple своите мапи, односно Apple Maps ги направи достапни преку веб. Досега до мапите од Apple можеше да се пристапи само преку апликациите достапни на iOS и macOS. 

Веб верзијата од Apple Maps засега е во бета верзија, очекувано за прво пуштање на некој производ. 

Корисниците единствен начин да ги видат Apple Maps надвор од апликациите беше преку MapKit алатката која им овозможуваше на програмерите да ги вградат овие мапи во нивните апликации и веб страни. 

Со пуштањето на Apple Maps на веб Google може да се каже дека целосно добива конкуренција од Apple, а сега нив можат да ги користат и корисниците на Windows, како и на Linux. 

Не сите функции од апликациите се достапни на веб верзијата, очекувано, но корисниците можат да ги гледаат сите детали, бизниси, да добиваат насоки до одредено место и слично, но не е достапна навигацијата од апликациите. 

Apple ја најавува и својата конкуренција на Street View, наречена Look Around во месеците што следат. 

До веб верзијата од Apple Maps може да се пристапи преку овој линк.

ИЗВОРApple
Претходна статијаМакедонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија
Следна статијаApple детално ја објаснува приватноста на нивните производи во интервју на YouTube
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.