Фото: Pixelmator

Литванската компанија Pixelmator денеска објави дека нивниот тим планира да се приклучи на Apple. Со тоа ја информираа јавноста за постигнатиот договор за купување на компанијата од страна на Apple. 

Pixelmator ги прави едни од најпознатите апликации за измена на слики кои се достапни само на системите од Apple, односно на macOS и iOS. Од компанијата се достапни апликациите Pixelmator Pro, Photomator, како и Pixelmator за iOS. 

Во објавата за договорот од Pixelmator истакнуваат дека во овој период корисниците не треба да очекуваат било какви промени со апликациите кои ги имаат платено, а најавуваат дека ќе следат „возбудливи надградби“.

„Ние бевме инспирирани од Apple уште од првиот ден, креирајќи ги нашите производи со истата прецизна фокусираност на дизајнот, едноставност при користење и перформанси. Кога ќе се навратиме наназад, неверојатно е што една мала група посветени луѓе успеа да постигне во текот на годините од далеку во Вилнус, Литванија. Сега, ќе имаме можност да допреме до уште поширока публика и да направиме уште поголемо влијание врз животот на креативните луѓе ширум светот.“ – истакнаа од Pixelmator. 

За финализирање на договорот, сепак ќе се почека на реакциите од регулаторните тела, но мислам дека нема да прават некој посебен проблем.

Во периодот што следи сигурно можеме да очекуваме нешто повеќе информации, како и која е сумата која Apple ја имаат понудено за купување на компанијата. 

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2Pixelmator
Претходна статијаШто беше претставено во неделата на нови Mac компјутери од страна на Apple
Следна статијаМарк Гурман смета дека новиот Mac mini може да биде одлична шанса за подобрување на „гејминг“ позицијата на Apple
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.