Можеби Apple минатата и оваа година не се покажаа баш најдобро со развојот на нивните големи јазични модели, односно генеративната вештачка интелигенција, но сепак тоа сигурно не се очекува дека ќе остане така.
Веќе гледаме најави кои ќе функционираат на основа на ВИ, а се очекуваат доволно подоцна, односно за една година од сега.
Според Марк Гурман, со пуштањето на iOS 19.4 идната година, Apple ќе пушти и преработена Health апликација која ќе работи со помош на вештачката интелигенција.
Ова ќе им овозможи на корисниците да добиваат предлози од Health апликацијата врз основа на мерењата кои се впишуваат во истата, најчесто и најдобро преку Apple Watch.
Апликацијата ќе дава предлози како да се подобри некоја мерка, а посебно ако истата не е во рамките на нормалните параметри.
Уште една голема новина која ја најавува Гурман е додавање на можност за внесување на храната која корисникот ја внесува во текот на денот, а со тоа Apple Health би станале конкуренција на познатите апликации како MyFitnessPal и доста други слични.
Дополнително, можно е да биде додаден и дел за помош при тренирање со препораки за програми, начин на вежбање и слично.
Не е познато дали овие новини би им биле достапни на сите корисници во светот, а дел од нив се најавуваат како дополнителни претплати кои веќе постојат, а не се достапни во Македонија, на пример.