Apple најави зголемување на цените на апликациите во App Store, како и на тие во самите апликации за одредени региони во светот. Со овие промени нема да бидат зголемени цените на претплатите кои автоматски се обновуваат.

Според најавата на Apple, промена на цените ќе има во Чиле, Египет, Јапонија, Малезија, Пакистан, Полска, Јужна Кореа, Шведска, Виетнам и сите територии кои го користат еврото, со посебни цени за Црна Гора.

Според оваа листа, а со оглед на тоа што посебно не се споменува, можеме да заклучиме дека промените нема да важат и за нашата земја, но останува да видиме од 5 октомври за кога се најавени.

Од листата на цени која ја објави Apple, може да се види дека зголемувањето на цените ќе биде поголемо за повисоките цени, па на пример, апликација која чинела 0,99 евро центи, ќе чини 1,19 евра. Но затоа, апликација која чинела 14,99 евра, со поскапувањето ќе чини 17,99 евра.

Иако Apple не може да се каже дека се погодени од инфлацијата во целиот свет и бизнисот им оди добро, не изненадува оваа одлука. Како главна причина најверојатно може да се истакне промената на соодносот помеѓу еврото и доларот, а еврото после долго време за првпат падна малку под вредноста на доларот.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаMozilla преку истражување го критикува алгоритамот на YouTube
Следна статијаФИТР, ИНОФЕИТ И ИМЕ со нова соработка за подобрување на степенот на дигитализација кај македонските компании
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.