За корисниците на Android да не останат без заштита од следењето кое го прават апликациите на мобилните, по пуштањето на App Tracking Transparency од Apple, се погрижија од компанијата DuckDuckGo, кои се познати по својата работа поврзана со приватноста на комуникацијата.

DuckDuckGo ја претстави својата App Tracking Protection функција пред една година, а корисниците тогаш можеа да ја користат само преку добиена покана.

Од оваа недела App Tracking Protection им е достапна на сите корисници на Android и сите заинтересирани можат да ја вклучат и пробаат.

Функцијата уште е во бета фаза, што значи дека може да се очекуваат дополнителни новини до пуштањето на официјалната верзија. Во споредба со затворената бета верзија, од DuckDuckGo истакнуваат дека функцијата има добиено можност за гледање на тоа кои лични податоци ги следат апликациите пред нивното блокирање, а исто така подобрени се перформансите и листата на исклучени апликации од блокирање.

App Tracking Protection функционира поразлично од App Tracking Transparency на Apple. Apple во основа го блокира следењето на активноста од страна на една апликација во другите апликации, но не се прави ништо за што можат да прават апликациите генерално.

DuckDuckGo оди чекор подалеку и целосно ги блокира „тракерите“ кои ги користат апликациите. Затоа е достапна и листа на исклучени апликации поради што некои од нив не можат да функционираат без тракерите.

Компаниите кои работат со следењето на податоците собираат информации како што се точна локација на корисникот, имејл адреса, телефонски број, временска зона, вид на уред и слично.

Од DuckDuckGo истакнуваат дека просечната бројка од 35 инсталирани апликации на еден уред прави околу 1000-2000 обиди за следење во текот на денот од страна на повеќе од 70 компании.

Исто така се истакнува дека следењето со цел на прикажување на реклами е најмалиот проблем. Следењето често се прави и од страна на брокери со податоци, влади и слични трети страни кои немаат баш „невина“ цел за рекламирање.

App Tracking Protection функционира преку DuckDuckGo прелистувачот за Android. Функцијата се вклучува преку Settings делот од апликацијата.

Иако Android го смета функционирањето како VPN конекција, од компанијата истакнуваат дека филтрирањето на сообраќајот се прави само локално на уредот и ништо од информациите не се испраќаат до нивните сервери.

ИЗВОРDuckDuckGo
Претходна статијаNASA успешно ја лансира ракетата од Artemis I мисијата која треба да ја врати агенцијата на Месечината
Следна статијаAlways On екранот кај iPhone 14 Pro добива можност за поедноставно прикажување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.