Фото: Shutterstock.com

15 години поминаа од претставувањето на App Store, продавницата за апликации која целосно го промени начинот на којшто ги користиме мобилните телефони, исто како што тоа го направи првиот iPhone една година претходно.

App Store беше пуштена 2008 година, а на програмерите им донесе заработка од 320 милијарди долари заклучно со минатата година. Симнати се повеќе од 370 милијарди апликации од 2008 до 2022, а денеска се достапни 1,8 милиони апликации од кои корисниците можат да изберат.

Во соработка со компанијата Analysis Group, која го направи истражувањето, Apple објави колкав „промет“ има направено App Store минатата година, а таа бројка изнесува огромни 1,1 трилиони долари.

Во оваа сума влегуваат сите наплатени и продадени производи, односно не само апликациите кои во главно се достапни во нашата земја.

Од Apple истакнуваат дека 90% од оваа сума е отидена директно кај програмерите без никаква провизија од нивна страна.

Сумата која е направена преку App Store вклучува 910 милијарди долари од продажба на физички добра и сервиси, 109 милијарди од рекламирање во апликациите, како и 104 милијарди на дигитални добра и производи.

„Никогаш не сме биле понадежни – или повеќе инспирирани од – неверојатната заедница на програмери ширум светот“, истакна Тим Кук, извршен директор на Apple. „Како што покажува овој извештај, App Store е енергичен, иновативен пазар каде што напредуваат можностите, а ние сме посветени како и секогаш да инвестираме во успехот на програмерите и во иднината на економијата на апликациите“.

Растот на продажбата во споредба со 2021 година изнесува 29%, помеѓу 2021 и 2020, како и 2020 и 2019 27%. Ова покажува дека App Store секоја година има голем раст, а за тоа се должи и зголемувањето на популарноста надвор од САД.

Растот на заработката на американските програмери од 2019 до 2022 изнесува 80%, додека овој раст во Европа е 116%.

ИЗВОРFastCompany
ИЗВОР 2Apple
Претходна статијаЕвропската Вселенска Агенција утре ќе го пушти првиот „стриминг во живо“ од Марс
Следна статијаМорничави вистинити приказни – нови сезони на хит-сериите и сѐ што нѐ чека во јуни на Pickbox NOW
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.