Двајцата ко-основачи на Instagram ја напуштија компанијата која ја имаат основано во 2018 година. Тие со години функционираа под Facebook, сега Meta, но на крајот не успеаја да најдат средина со начинот на функционирање на Закерберг.

Кевин Систром и Мајк Кригер минатиот месец пуштија нов производ на пазарот, овој пат апликација за вести која функционира со помош на вештачка интелигенција. Од оваа недела апликацијата им е достапна на сите корисници, а истата може да се симне од App Store и Play Store.

Artifact е името на апликацијата и од тоа што можевме да го видиме досега, истата е доста добра. Направена е да едноставно се изберат темите кои ги интересира корисникот, по што ќе му бидат пуштани вести од тие теми.

Вештачката интелигенција доаѓа повеќе до израз со тек на време кога статиите коишто ги чита, темите и изворите, ќе му бидат се повеќе предложувани на корисникот, со што треба да добие подобро корисничко искуство.

Нема сложен избор на извори, па повеќе категории на апликацијата кои не секогаш се јасни што претставуваат. Во Artifact се достапни три делови, главниот каде се статиите, HeadLines каде апликацијата предложува одредени теми за кои може да се прочитаат повеќе статии и на крајот профилот на корисникот каде може да се видат одредени статистики и слично.

Апликацијата прикажува и информација за кои теми, категории и извори се најчитани, па така може да се добие претстава зошто статиите кои се прикажуваат се избрани.

Artifact во својата најнова верзија има можност за поврзување со контактите од телефонот, па секогаш кој некоја статија е повеќе читана од контактите, ќе биде посебно означена.

Сепак, во денешно време не секој би сакал да ги прикачи сите свои контакти на апликација која е замислена за читање вести.

Исто така, за синхронизација на апликацијата со други уреди, не се прави сметка со имејл, туку треба да се внесе телефонскиот број.

Ако сте корисникот кој сака да чита вести од повеќе извори, пробајте ја Artifact, односно симнете ја од App Store или од Play Store.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаSamsung повторно треба да претстави FE модел оваа година кој ќе работи на нешто постар чип поради намалување на цената
Следна статија„Rabbit Hole“ со Кифер Сатерленд на SkyShowtime од 31 март
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.