Фото: Shutterstock.com

Еден од програмерите во Twitter, пред неколку денови објави информација дека WhatsApp апликацијата на неговиот Google Pixel смартфон, го има користено микрофонот без истата да била вклучена. Поточно, микрофонот бил користен во позадина за време на ноќта додека тој спиел.

Елон Маск се приклучи со свој коментар, кој беше краток и гласеше „На WhatsApp не може да и се верува“. По денешната најава дека од утре може да очекуваме Twitter директните пораки да бидат шифрирани, оваа мрежа станува конкуренција на WhatsApp, па коментарот од Маск може да биде сфатен на повеќе начини.  

Од WhatsApp, да потсетиме дека оваа апликација е во сопственост на Meta, веднаш излегоа со коментар и тие тврдат дека се работи за грешка која прикажува користење на микрофонот, иако тој не се користи.

Од таму истакнаа дека се во контакт со програмерот од Twitter, но и со Google за да се истражи овој случај.

Кои апликации пристапувале до одредени ресурси на телефонот се гледа преку новата Privacy Dashboard алатка, па секој корисник може да види која апликација и кога го има користено микрофонот, како еден пример.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаФИТР со нов јавен повик „Стартапувај 5” наменет за поддршка за македонскиот стартап еко систем
Следна статијаОд хартија до пиксели – дигитална трансформација на општините
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.