Фото: Shutterstock.com

Американскиот Сенат едногласно го изгласа таканаречениот „No TikTok on Government Devices Act“, поднесен од сенаторот Џош Хаули (Републиканец од Мисури). Законот едногласно има поминато и на потребните комисии пред да биде изгласан, а нареден чекор е негово изгласување во Претставничкиот Дом, долниот дом во Конгресот на САСД.

Како што може да се заклучи и од самото име на законот, во основа, една од најпопуларните апликации на пазарот, TikTok, нема да смее да се инсталира на мобилните телефони кои се издадени од страна на владините служби.

Неколку владините тела ќе имаат рок од 60 дена да изготват стандарди и правила за на кој начин ќе се спроведува законот во владините агенции, односно кај сите вработени во федералната влада и во посебните држави.

Исклучок од овој закон имаат полициските и безбедносните служби кои може да имаат потреба од оваа апликација поради нејзино истражување и слични активности.

Причината за донесувањето на овој закон е одамна позната. Претходниот претседател на САД, Доналд Трамп, дури целосно ја забрани оваа апликација, но истата беше вратена со одлука на Џо Бајден.

Верувањето е дека кинеската компанија ByteDance, која стои зад развојот на TikTok, би можела да биде приморана да ги даде податоците кои ги има за своите корисници на властите во Кина. Ова претставува загрозување на националната безбедност на САД, поради што веќе неколку години оваа апликација има проблем во оваа земја.

Ќе видиме како ќе помине овој закон во Претставничкиот Дом, но со оглед на сложноста на сенаторите од двете партии, се очекува сличен исход и во вториот дом од Конгресот.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаШвајцарија се приклучува на Регионалниот фонд за предизвици
Следна статијаWhatsApp овозможи враќање на пораките избришани само за себе
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.