Почетокот на оваа година дефинитивно поминува во знакот на вештачката интелигенција. Развојот на оваа технологија е доволно напреднат и достапен, па можеме да ја видиме како се интегрира во се повеќе сервиси и производи.

Aimi е апликација за слушање музика, но таа не е само уште една конкуренција на Spotify, YouTube Music, Apple Music и другите. Оваа апликација ја генерира музиката што ја пушта преку вештачка интелигенција, а корисниците можат да ја прилагодуваат за време на слушањето.

При вклучувањето на апликацијата прво се избира вид на музика, како на пример електронска, „чил“, хаус и уште неколку други жанрови, по што за кратко време истата се генерира и започнува.

Генерираната музика потоа може да се контролира, односно насочува на повеќе начини. Наједноставниот начин е преку притискање на двете копчиња кои означуваат допаѓање или не допаѓање.

Вториот начин може да се каже дека е главен и овозможува прилагодување на неколку елементи на музика како harmony, beats, bass, taps, melody, pads и fx.

На крај, корисниците можат да ги прилагодат и интензитетот на музика, прогресијата, односно колку често се пробуваат различни комбинации, вокалите и текстурата.

Кратко кажано, секој корисник ќе слуша различна музика која тој самиот ќе ја прилагоди и ќе ја насочи вештачката интелигенција.

Колку и да звучи ова интересно, сепак не е за секого, а посебно кога ќе се земат жанровите на музика кои се достапни.

Сервисот кој беше достапен преку веб, како и во тест верзија, сега е официјално достапен преку апликација за Android и iOS.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаGM развива личен асистент за автомобилите направен на основа на GPT алатката од OpenAI
Следна статијаОбјавени видеа од Galaxy A54 и A34 на неколку денови пред официјалното претставување
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.