Соработката помеѓу големи ИТ компании како Microsoft, Apple, Google и други со FIDO Alliance и World Wide Web Consortium доведе до развојот на WebAuth протоколот кој овозможува најава на страните и сервисите без лозинка.

Ова не треба да се помеша со најавувањето на сервисите кои имаат лозинка, но со користење на сензорот за отпечатоци, на пример, затоа што апликацијата е заклучена на овој начин.

WebAuth протоколот или како што сега популарно се нарекува најавување со користење на Passkey, целосно ги трга лозинките и најавувањето се прави само преку овој „клуч“.

Клучот е безбедно зачуван на самиот уред, а најавувањето со него се прави повторно со користење на биометриската заштита на уредот, односно отпечатоците, лицето и слично.

1Password наскоро ќе започне да овозможува замена на главната лозинка од сервисот со Passkey, со што корисниците веќе нема да треба да памтат ниту една лозинка. Најавувањето ќе се прави преку некој од уредите во сопственост на корисникот, па ризикот од губење на пристап до сметката веќе ќе го нема.

Од компанијата истакнуваат дека овој начин е доста побезбеден и функционира нешто слично на сегашниот безбедносен клуч за добивање пристап до сметката доколку се заборави главната лозинка. Безбедноста е уште поголема поради користењето на поголем број на карактери, со што пробивањето е скоро невозможно.

Поддршка за Passkey имаат новите верзии од iOS, а тука се и другите оперативни системи. Бројот на страни кои поддржува вакво најавување се’ уште е мал, но со тек на време веќе нема да користиме лозинки, а со тоа ќе се подобри безбедноста, а посебно на корисниците кои користат некои од лозинките на листите на најлоши лозинки.

ИЗВОР1Password
Претходна статијаApple се очекува да го ограничи USB-C приклучокот кај iPhone 15
Следна статијаОбјавите на Елон Маск на Twitter намерно се прикажуваат многу почесто од што би требало
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.