Microsoft постепено го пушта пристапот до нивниот нов Bing, додека од Google уште се чека да го интегрира Bard во Search, а нивниот конкурент You.com веќе ја пушта својата втора верзија од нивниот јазичен модел, односно пребарувач помогнат од вештачка интелигенција.

YouChat 2.0 е наредната верзија од нивниот асистент за пребарување со вештачка интелигенција. Корисниците можат веднаш да почнат да го користат, а исто како и кај другите, се работи за можност за разговор со пребарувачот, добивање на сумирани резултати и слично.

Овој пребарувач, исто како и конкурентите, може да креира содржина, односно може да напише текст, да напише код и слично. Дополнително, You.com овозможува интеграција со повеќе апликации, како на пример такви за финансии, крипто, Wikipedia, What to Watch и повеќе.

YouChat можете сами да го пробате преку отворање на you.com страната и пребарување или притискање на chat делот.

Наша препорака е да ги користите ваквите пребарувачи како алатка која не можете да најдете нешто самите и слични ситуации, кога ви е потребно да се сумира некој долг текст или кога не знаете точно како се пишува одреден код, но не и за обични разговори кои видовме дека можат да отидат во „несакан“ правец.

Повеќе детали за YouChat 2.0 можете да прочитате на официјалната блог објава од компанијата на овој линк.

ИЗВОРVB
ИЗВОР 2You.com
Претходна статија„Дали Windows има станато spyware“ – се прашуваат од The PC Security Channel
Следна статијаMeta започна со тестирање на нов систем за верификација на профилите со месечна претплата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.