Фото: Shutterstock.com

Повеќе од јасно е дека Apple ќе почне да ја интегрира генеративната вештачка интелигенција во нивните производи и апликации, но карактеристично за компанијата, тие тоа го прават подоцна од другите и без многу официјални најави.

Тим Кук, директорот на Apple, веќе даде мала најава на почетокот од овој месец дека од компанијата продолжуваат да вложуваат огромно време и напор и дека се возбудени да ги споделат деталите од нивната работа подоцна во годината.

Apple изминатите години имаат купено повеќе компании од областа на вештачката интелигенција, а веќе има мали информации за развојот на нивни големи јазични модели, односно секако дека нема да ги користат тие кои веќе се достапни.

За време на акционерското собрание кое Apple го одржа оваа недела, Тим Кук повторно даде кратка изјава поврзана со вештачката интелигенција. Тој најави дека компанијата навлегува во нова област на дејствување оваа година со генеративната вештачка интелигенција.

Не дека е потребна потврда од Тим Кук за да ни е јасно дека Apple активно работат на овој план, но секако потребни се барем мали информации за да се знае што да се очекува.

Интеграцијата на генеративната ВИ се очекува да дојде кај Siri, како и во повеќе апликации од компанијата. Информациите за ова ќе ги видиме во јуни, за време на WWDC 2024 кога обично се претставуваат наредните верзии од оперативните системи на Apple.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаKОПАОНИК БИЗНИС ФОРУМ 2024 – Новиот глобален контекст: Предизвиците на неизвесната иднина
Следна статијаGoogle Maps добија побрз и подиректен начин за следење на навигацијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.