PCMag

Вештачката интелигенција достигна задоволително ниво на развој изминатите години, а оваа година веќе скоро и да нема каде не најде своја примена. Компјутерските алгоритми се многу поспособни да вршат проценка и одредување на работите кои масовно се користат, па еве оваа технологија најде примена и во една од најпознатите веб страни за порнографска содржина.

Pornhub веќе одреден период користи вештачка интелигенција за означување на актерите во нивните видеа. Тоа го прави преку учење на системот, поточно преку тренирање користејќи повеќе илјади видеа во комбинација со официјални слики од актерите.

Оваа активност досега се извршуваше од корисниците на страната, како и од самите актери, односно канали кои ги објавуваат видеата.

Вештачката интелигенција со тек на време нема да ги препознава само лицата на актерите. Оваа технологија се тренира да ја препознае и содржината на видеата, па соодветно на тоа да ги категоризира.

Со користењето на вештачката интелигенција се очекува да се овозможи подобро корисничко искуство при пребарување на содржината на веб сраната составена од милиони видеа.

ИЗВОРPCMag
Претходна статијаНаградниот предизвик на VIVAX расте со секој клик
Следна статијаApp Store на iOS оваа недела прави 10 години од почетокот со работа, а еве неколку статистики поврзани со апликациите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.