Фото: Shutterstock.com

Пуштањето на најновата верзија од ChatGPT алатката за сите корисници бесплатно, привлече големо внимание минатата година. Причината за тоа не беше само способноста на алатката да разговара како човек или да пишува текст, код и слично, туку проблемите кои може да произлезат од истото.

Како главни проблеми од способноста на оваа вештачка интелигенција се појавија во можноста студентите да ја користат алатка за да „напишат“ некој труд кој со мали измени може да биде прикажан како нивни. Тука се и можностите да алатката се претставува како човек, како и креирање на кампањи за дезинформации.

OpenAI поради ова пушти јавно достапна алатка која треба да ги препознава текстовите напишани од страна на ChatGPT или други алатки и тие напишани од страна на човек.

Една ваква алатка би ги решила потенцијални проблеми, но сепак во оваа фаза таа не е доволно развиена за да може со голема сигурност да се користи и да се верува во точноста на резултатите.

Од OpenAI истакнуваат дека во 26% од ситуациите алатката има погодено дека се работи за текст напишан од вештачката интелигенција, додека погрешно има означено текст напишан од човек во 9% од ситуациите.

Ова значи дека ќе мора да помине време додека алатката е доволно развиена и „тренирана“ за да може да ги препознава текстовите со висока точност. Од OpenAI даваат и примери кога алатката не функционира баш најдобро, како на пример на текст со помалку од 1000 карактери, кога не се работи за текст напишан на англиски и слично.

Алатката е развиена со помош на споредба од повеќе текстови напишани од страна на човек и од страна на вештачка интелигенција. Со оглед на грешките кои се појавуваат, ќе бидат потребни доста повеќе текстови за да се дојде до задоволителна точност.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2OpenAI
Претходна статијаЗа само неколку денови – повеќе од 4000 гласачи на Наградите за е-трговија
Следна статијаSamsung денеска ја претставува Galaxy S23 серијата – гледајте го настанот во живо
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.