Почетокот на новиот Bing не помина без проблеми, иако тие може да се каже дека не се неочекувани, посебно за познавачите на јазичните модели и вештачката интелигенција.

Microsoft објасни дека проблемите со Bing, односно разговорите со пребарувачот, настануваат кога тие се долги, а бројката која беше истакната беше повеќе од 15 прашања. Над оваа бројка Bing почнува да се повторува, да не ги разбира како што треба прашањата, а имаше и случаеви каде пребарувачот почнува да е некултурен, па дури и нападен.

Поради ова, Microsoft ја ограничи интеракцијата со Bing, па сега корисниците ќе можат да имаат до пет „реда“ на разговор, вклучувајќи ги и одговорите на Bing, по што ќе треба да се почне нов разговор. Во текот на денот бројката исто така ќе биде ограничена, па корисниците ќе можат да имаат интеракција до 50 реда со Bing.

Од компанијата истакнуваат дека нивните податоци покажуваат дека повеќето корисници го наоѓаат саканиот одговор во рамките на ова ограничување, а само 1% од разговорите траеле над 50 пораки.

Доколку корисниците се обидат да разговараат повеќе со Bing, тој ќе им каже дека веќе не може да разговара, па ќе мора да почнат нов разговор.

Новиот Bing се’ уште е во своите почетоци, па со тек на време се очекува подобрување на способностите и намалување на можните проблеми.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаБета верзиите од iOS за програмерите веќе нема да може да се инсталираат бесплатно
Следна статијаПатент од Apple ни открива можни идни функции кај Apple Watch
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.