Фото: Shutterstock.com

Во кратка објава на Facebook во текот на вчерашниот ден, Марк Закерберг најави нешто што беше очекувано. Meta се приклучува на трендот изминатите месеци и кај своите производи ќе биде интегрирана вештачката интелигенција.

Објавата не открива многу информации, а и делува дека нема што конкретно да се открие во оваа фаза. Закерберг најавува дека во компанијата се креира нова група која ќе биде фокусирана на работа со генеративна вештачка интелигенција. За почеток се најавува дека ќе се работи на креативни и „експресивни“ алатки, но долгорочните планови се тие кои привлекуваат поголемо внимание.

Целта на Meta ќе биде развој на ВИ личности кои ќе можат да им помогнат на луѓето на повеќе начини, истакнува Закерберг. Ова значи дека се планира воведување на можност за разговор со овие „личности“ преку WhatsApp и Messenger, додека Instagram мрежата би добила помош при објава на слики со различни филтри и слично.

Се работи за голема компанија со повеќе производи, па може да се очекуваат различни имплементации на вештачката интелигенција. Интересно е што за разлика од другите компании, Meta планира да има повеќе видови на „чет ботови“ кои ќе бидат поставени на различни места и со различни намени.

Meta не би влегле првпат во вакво нешто, а тие беа меѓу првите компании пред повеќе години кои воведоа „ботови“ во Messnger, нешто што со тек на време беше укинато.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаMicrosoft ќе почне автоматски да им ја инсталира Microsoft Defender апликацијата на Windows корисниците
Следна статијаРецензија Samsung Galaxy S23 – Мали промени во изгледот, но големи кај перформансите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.