Целосно очекувано, Meta планираат да започнат со интеграција на генеративната вештачка интелигенција во сите нивни производи. Зависно од производот, формата би била различна, а дека вакво нешто се договара во компанијата засега е само неофицијално објавено.
Како пример за тоа каква интеграција можеме да очекуваме се дава со „ботови“ во Messneger, нешто што до компанијата го имаа порано, па го откажаа. Во случајот со Instagram се планира можност за генерирање или измена на слики врз основа на информации кои ќе ги даде корисникот.
Ова е веќе нешто што го имаме видено кај новиот Bing, а со помош на вештачката интелигенција корисниците можат да побараат генерирање на секакви слики.
Според информации од The Verge, првата примена на вештачката интелигенција може да се очекува кај Messenger, а истата би била во форма на стикери, односно корисниците ќе можат да генерираат стикери врз основа на информациите кои ќе ги внесат.
Генеративната вештачка интелигенција ја доби својата популарност, може да се каже нагло, при крајот на минатата година со пуштањето на најновата јавна верзија од ChatGPT, па интегрирањето на оваа технологија оваа година во Bing од Microsoft. Сега гледаме како оваа или слични технологии се интегрираат од страна на се повеќе компании, па јасно е дека ова е нешто што ќе стане нормално.