Google Gemini од вчера ја доби способноста да памети, кратко кажано, односно да запаметува одредени работи за корисникот за да тој не мора повторно да му ги кажува истите работи.
Ваквата функција на дигиталните асистенти е доста корисна и за корисниците кои активно ги користат е важна и дефинитивно им го подобрува корисничкото искуство. ChatGPT ја доби оваа можност порано оваа година.
Можноста за памтење се однесува на работи како на пример омилена храна, начин на исхрана, дати, начин на разговор или било какви други преференции кои корисникот обично мора секогаш да ги истакнува при „разговорот“.
Работите кои треба да бидат запаметени може да се истакнат во самиот разговор, а може да се додадат и конкрентно во „Saved Info“ страната од Gemini.
Оваа нова функција им е достапна само на Gemini Advanced корисниците, односно засега не им е достапна на бесплатните корисници. Gemini Advanced е достапен преку Google AI Premium пакетот кој чини 20 долари месечно, исто како кај конкурентот од OpenAI.