OpenAI продолжува да привлекува негативно внимание, а посебно во делот кој е и „најсериозен“, целта на развојот на нивната технологија. По назначувањето на поранешен директор на NSA, Пол Накасон, во одборот на директор на компанијата, беше привлечено вниманието на Едвард Сноуден.
Очекувано, тој е доста против оваа одлука на OpenAI, кои веќе добиваат критики за развојот на генералната вештачка интелигенција и начинот на којшто го прават истото.
Сноуден истакнува дека од компанијата веќе и не се кријат, а поради тоа не треба да им се верува, како и на нивните производи како ChatGPT. Според него, постои само една причина зошто од компанијата би го назначиле директорот во нивниот одбор, а тоа претставува и калкулирано предавање на правата на секоја личност на Земјата.
Реакцијата која е објавена на X, ја завршува со тоа дека сме предупредени.
Во основа, се верува дека OpenAI ќе претставува голема закана за приватноста на корисниците, а ангажирањето на човек кој работел во агенција која е задолжена за следење, според Сноуден е директен доказ за тоа.
Објаснувањето на OpenAI за нивната одлука секако оди во правец на тоа дека Накасон ќе им помогне во зголемувањето на безбедноста на вештачката интелигенција.
Елон Маск исто така имаше доста силна реакција на најавената соработка на Apple со OpenAI, па тој отиде дотаму да се закани со забрана на iPhone во неговите компании доколку ChatGPT биде интегриран директно во системите од Apple.