Соработката помеѓу Microsoft и OpenAI резултира со донесување на Bing кај познатата ChatGPT алатка. Со тоа ChatGPT добива пристап до најновите информации, нешто кое може да се каже дека беше и мала маана на „ботот“.

Bing ќе биде главниот пребарувач на ChatGPT, а веднаш ќе им биде достапен на корисниците на ChatGTP Plus претплатниците. За кратко време, бесплатните корисници ќе можат да го користат Bing како бесплатен додаток.

„ChatGPT сега ќе има вграден пребарувач од светска класа за да обезбеди повеќе навремени и поактуелни одговори со пристап од интернет. Сега, одговорите на ChatGPT ќе бидат направени на основа на пребарување и веб-податоци и ќе вклучуваат цитати за да можете да дознаете повеќе – сето тоа директно од разговорот.“ – истакнуваат од Microsoft.

Покрај ова, од компанијата најавија заедничка платформа која програмерите ќе можат да ја користат за креирање додатоци за Bing, но и за ChatGPT.

Оваа новина беше презентирана во рамките на Build 2023 конференцијата, на која беше најавена интеграцијата на вештачката интелигенција во Windows 11, преку Windows Copilot, како и одличната нова апликација за програмерите Dev Home.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаMicrosoft го претстави Dev Home – контролен центар за програмерите
Следна статијаMeta ја продаде GIPHY на Shutterstock по одлуката на британската CMA
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.