Фото: Shutterstock.com

Apple GPT, како што почнува да се нарекува неофицијалниот голем јазичен модел кој го развиваат од компанијата, според информациите веќе е во фаза на тестирање.

Дека од компанијата нема да гледаат од страна неодредено и ќе започнат со развој на свои алатки направени на основа на јазични модели и вештачка интелигенција, можевме веќе да прочитаме, а сега доаѓа и потврда од Марк Гурман од Bloomberg.

Вработените на Apple веќе имаат пристап до јазичниот модел, а на нив им е забрането да ги користат алатките како ChatGPT, во главно од грижи за приватноста.

За разлика од другите компании кои побрзаа што повеќе да ги интегрираат алатките со вештачка интелигенција во нивните производи, па дури може да се каже дека има и одредена трка, Apple карактеристично се одлучи за нешто попретпазлив пристап.

Од компанијата сметаат дека треба да се внимава со пуштањето на вештачката интелигенција, а посебно пред да се решат одредени проблеми.

Треба да се нагласи дека Apple не функционираат воопшто без вештачка интелигенција, како и машинско учење. Овие алатки веќе одамна се користат и се достапни од компанијата, па во главно тука пишуваме за најновиот начин на интеграција на вештачката интелигенција кој се популаризира со ChatGPT минатата година.

Гурман истакнува дека не е познато кога точно би можеле да видиме некаков резултат од работата на Apple на овој план, но според него реални би биле предвидувањата за идната година.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаMicrosoft и Activision Blizzard договорија продолжување на рокот за реализација на договорот за продажба на компанијата
Следна статијаNetflix започна со кратење на можноста за споделување на лозинката со пријателите во Македонија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.