Фото: Shutterstock.com

Се прашувавме какви се плановите во Apple, ако воопшто ги има, во оваа „трка“ на што поголема интеграција на генеративната вештачка интелигенција, која во главно ја водат OpenAI, Microsoft и Google.

Познатата компанија од Купертино секако нема да остане надвор од овој тренд, а тоа се гледа од повеќе огласи за работа кои се објавени од нив.

Бројот на објавени работни места е прилично голем и достигнува бројка од скоро 90. Во нив може да се видат различни типови на места, а се истакнуваат тие во кои се споменува генеративната вештачка интелигенција, јазичните модели и слично.

Како и секогаш, Apple се доста тајни кога се во прашање нивните производи, а и секогаш „доцнат“ на пазарот, па потоа претставуваат доста подобра и пофункционална верзија од нешто.

Грешките и проблемите кои се јавуваат со вештачката интелигенција, сигурно не се нешто кое би сакале да биде дел од нивните производи, па како што истакна неодамна Тим Кук, тие претпазливо ќе настапат.

Дополнително, се верува дека развојот на вештачката интелигенција не е само за нивните производи. Тие им забранија на своите вработени да користат алатки како ChatGPT, па очекувано е дека би сакале да имаат свои. Овие алатки се доста корисни и сигурно нема да има компанија, а посебно вака голема, која не би ги искористила предностите кои ги донесува вештачката интелигенција.

ИЗВОРVB
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаSamsung го претставува Knox Matrix: 10 години на Samsung Knox Security и визијата на Samsung за посигурна иднина
Следна статијаWhatsApp ја доби можноста за измена на испратените пораки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.