lensing-1-820x420

Според теоријата на релативитет на Ајнштајн, објектите со маса го виткаат временско-просторниот континуум. Колку имаат поголема маса, толку виткањето е поголемо и токму виткањето е гравитацијата која ја осеќаме тука на Земјата. Ова виткање има и друг ефект, а тоа е дека предизвикува менување на патеката на разни честички кои доаѓаат од ѕвездите.

На пример, ако има објект со огромна маса (на пример, некоја огромна ѕвезда или пак црна дупка) тогаш светлината од другите објекти која поминува покрај овој објект ја изместува својата патека и се „витка“. Во тој случај настанува ефектот на „гравитациска леќа“, кој беше предвиден пред половина век. Дополнителен ефект е таканаречениот „Ајнштајнов крст“, феномен на виткање на светлината околу некој објект, прикажувајќи повеќе од еден приказ, ефект кој исто така беше предвиден.

Aстрономите го забележаа овој ефект при експлозија на супернова која се наоѓа зад „леќата“ – склоп на галаксии со ознака MACS J1149.6+2223. Како што можете да видите погоре, експлозијата на суперновата се гледа како повеќе точки кои се наоѓаат околу објектот кој го витка приказот. Оваа супернова научниците сакаат да ја крстат СН Рефсдал во чест на норвешкиот астрофизичар Сјур Рефсдал кој работел на овој сегмент од астрономијата, гравитациски леќи.

Инаку астрономите често го користат овој ефект за да забележат објекти кои се подалеку од можноста на било кој телескоп да ги забележи. Гравитациската леќа често ја собира светлината и го појачува приказот, овозможувајќи им да ги забележат појасно. Потоа тие ги поправаат во позиција за да ги сместат на точната позиција во универзумот.

Извор: CSMonitor, Slashgear

 

Претходна статијаСимнете ја новата позадина која што ќе доаѓа со Ubuntu 15.04
Следна статијаWi-Charge најавува полнење на преносните уреди преку инфрацрвената светлина