Со години наназад кружат шпекулации поврзани со штетноста на технологијата по здравјето на луѓето. Факт е дека електронските уреди емитираат извесен вид зрачење кој несомнено влијае на човечкиот организам. Меѓутоа, науката нема понудено конкретни резултати од истражувања на таа тема. Тоа се должи главно на фактот што човештвото не се служи доволно долг период со таков вид технологија. Па, со оглед на тоа невозможно е да сепроценат долгорочните влијанија.

Лабораториски глувчиња биле изложувани на зрачење со радиофреквенција соодветна на споменатите мрежи, 9 часа дневно, за период од 2 години.

Науката сепак најде начин да создаде некаква проекција за резултатите од ваквите влијанија. Врз основа на испитувања спроведени на лабораториски глувци заклучено е дека 2G и 3G мрежите не се штетни. Лабораториски глувчиња биле изложувани на зрачење со радиофреквенција соодветна на споменатите мрежи, 9 часа дневно, за период од 2 години. Количеството на зрачење кое организмот на глушецот го прима на дневна база изнесува помеѓу 1,5 и 6W по килограм. Тоа е далеку поголем индекс од оној на кој потенцијално би можел да биде изложен човекот.

Студијата сепак не е максимално егзактна бидејќи се работи за период од само 2 години. За споредба децата родени во првата декада од новиот милениум се опкружени со технологија која создава ваков вид зрачење, речиси од самото раѓање. Споредено, просечниот животен век на човек и глушец, излегува дека глушец стар 2 години соодветствува на човек од 70.

Ваквите компарации не може да бидат земени апсолутно. Но, овозможуваат некакви параметри за споредба. Од друга страна не е земен в предвид фактот дека 2G и 3G мрежите се одамна надминати. Прашање на време е кога во комерцијална употреба ќе се најде 5G конекција.

Генералниот заклучок од истражувањето е дека:
До сега не се пронајдени конкретни докази за негативните импликации од радио зрачењето. Тука особено се мисли на развојот на тумори или други пред стадиуми на рак кај сложените организми.

За споредба, Statista понуди илустрација од индексот на зрачење кај некои од најпопуларните смартфони:

2G
Media: Statista, Alphr
ИЗВОРAlphr
ИЗВОР 2AP
Претходна статијаISOCELL двојниот софтвер на Самсунг овозможува карактеристиките на двојната камера да бидат достапни за поширок спектар на паметни телефони
Следна статијаVideoLAN наскоро ќе го претстави новиот VLC 3.0