Најчестите сценарија во научно-фантастичните филмови од блиската иднина се со роботи со вештачка интелигенција кои сакаат да ги истребат луѓето. Според многу еминентни научници од светот на физиката, ова и не е далеку од вистината, а најгласен во тоа е Стивен Хокинг, според кој вештачката интелигенција би можела целосно да ги замени луѓето.

Интересно, со ова не се сложуваат пак многу познати научници од IT светот, според кои вештачката интелигенција ќе биде тука само да ни помогне и да функционира заедно со нас. Сепак, Стивен Хокинг е скоро сигурно број еден научник од светот на физиката и неговиот збор треба секогаш да се следи со особен интерес.

Според него, исто како што луѓето имаат дизајнирано компјутерски вируси, ќе дизајнираат и вештачка интелигенција која ќе може да се реплицира самата, што би била нова форма на живот која ќе биде подобра од луѓето.

Настрана стравот од вештачката интелигенција, Хокинг, како и многупати досега, препорача популацијата да биде повеќе заинтересирана за вселената и нејзиното истражување, бидејќи според него, Планетата Земја е премногу мала за нас и светската популација се шири пребрзо за да можеме да останеме тука.

Како и секој друг познат светски научник и Хокинг повторно предупреди дека глобалното затоплување е вистинска закана по човештвото и изјави дека е против одлуката на Доналд Трамп да излезе од парискиот договор и да не ја поддржи борбата против глобалното затоплување.

Извор: Metro, Mirror, BBC

Претходна статијаSamsung Galaxy Note8 – Први импресии
Следна статијаРусија забрани користење на “VPN” во земјата