Најстарата болест на планетата, ракот, за која сѐ уште немаме пронајдено лек кој 100% работи, продолжува да одзема премногу човечки животи. За среќа, многу научници веќе работат на решенија за оваа болест, а оние од Универзитетот Суреј од Велија Британија и Универзитетот Далиан во Кина, тврдат дека имаат решение, кое би можело да направи револуција во лекувањето на секаков тип на рак.

Идејата е многу едноставна – да се користат нано честички кои би се загреале на температури од 42 до 45 степени по Целзиус. На оваа температура, нано честичките би се користеле да го уништат канцерогеното ткиво, без притоа да го уништат околното, здраво ткиво, кое би можело да се опорави од тие температури.

Оваа идеја е не е нова, но проблемот досега беше регулацијата на температурата, бидејќи скоро е невозможно овие нано честички стабилно да се задржат во тие рамки. А доколку при лекувањето нивната температура се покачи на пример над 45 степени, може да настане до сериозни последици и за здравото ткиво.

Решението на научниците од Универзитетот Суреј и Универзитетот Далиан се нови магнетни нано честички, кои поточно се загреваат кога има магнетно поле до нив. Овие честички се составени од кобалт-цинк, со додаден хром, кој ги стабилизира и кој прави тие да престанат да реагираат на магнетното поле кога ќе допрат до 45 степени по Целзиус.

Ова значи дека кога ќе се магнетизираат, тие ќе почнат да ја покачуваат температурата, но никогаш нема да ја надминат границата од 45 степени, бидејќи тогаш магнетот престанува да делува на нив, односно да ги загрева. На овој начин, лекувањето со нано честички би било безбедно за околното ткиво, притоа скоро целосно уништувајќи го ракот.

Истражувачите надополнуваат и дека нано честичките имаат многу мала токсичност, односно лекувањето со нив нема да има последици како со радиоактивна терапија која сѐ уште најчесто се применува.

Извор: Medical News Today, The Engineer, Eurekalert

Претходна статијаSamsung патентира нов смартфон со свитлив дисплеј
Следна статија50 врвни говорници и 400 делегати на Самитот Македонија2025