Научниците случајно креираа мутиран ензим кој ги јаде пластичните шишиња. Со оглед на климатските промени со кои се соочуваме, како и огромниот отпад од пластика што плови низ морињата и океаните, се чини дека конечно ќе ставиме крај на маките. Првите вакви ензими се пронајдени во Јапонија, скриени во почвата во фабрика за рециклирање на пластика. Таму истражувачите откопаа микроба што успеала да еволуира, така што јаде пластични шишиња. И да, без оглед што станува збор за Јапонија, и таму можете да најдете такви шишиња фрлени по улиците. После овој пронајдок, работите почнуваат да се движат во нова насока.

Всушност, првото вакво откритие е во 2016 година, но оттогаш научниците прогресираа во истражувањата. Во текот на изведувањето на експерименти во лабораторијата додека се истражуваа ваквите бактерии, тие случајно креираа ензим мутант кој дава далеку подобри резултати од природните бактерии.

“Добриот тек на настаните и малку среќа играат голема улога во фунадементалните научни истражувања, па оттука и нашето откритие не е исклучок” – вели биологот Џон МекГехан од Универзитетот во Портсмут во Велика Британија.

Практично, интернационалниот тим го изменил ензимот за да види како еволуирал, но тестовите покажале дека ненамерно ја направиле молекулата уште подобра во раскинувањето на ПЕТ (полиетилен терефталат) – пластика употребена за безалкохолни пијалоци.

Што значи ова? Пластиката е составена од полимери – долги тенки молекули изработени од повторувачки градежни блокови. Тие се вкрстувани еден со друг за да изградат издржлива мрежа од атоми. Поголем дел од пластиката е направени од мономери базирани на јаглерод, па затоа во теорија тие се добар извор на храна за микроорганизмите. Но, за разлика од природните полимери, како целулозата кај растенијата, пластиката генерално не е биоразградлива. Со овој откриен ензим, се чини дека конечно ќе направиме промена.

Сепак, да не биде се’ така сјајно, на мутираниот ензим му се потребни неколку дена за да почне да ја руши пластиката. Во секој случај, тоа е доста побрзо во споредба со вековното чекање за нивно распаѓање. Истражувачите се оптимисти дека ова може да се забрза уште повеќе и да стане одржлив процес во големи размери.

Претходна статијаСо новата опција Video на Македонски Телеком гледајте неограничено: YouTube, Netflix, HBO GO и MaxTV GO на својот смартфон
Следна статијаSamsung Galaxy S9 први импресии – Искушение на кое е тешко да се одолее